Мухамед како плаче е новата насловна на „Шарли Ебдо“
Овој број што го составиле „преживеаните“ од минатонеделниот напад меѓу кои е Луц, ќе биде отпечатен во три милиони примероци и продаван во 25 земји, за разлика од порано кога се печателе 60 илјади примероци...

Пророкот Мухамед со солза во окото и со натпис „Јас сум Шарли“ ќе биде насловната страница на првиот број на неделникот ,,Шарли Ебдо“ кој ќе се појави по теростичките напади во кои беше десткувана редакцијата.
Над цртежот на пророкот како плаче стои натписот „Се е простено“, јавува Агенцијата Франс прес на која синоќа и бил доставен цртежот со потпис на Луц.
Овој број што го составиле „преживеаните“ од минатонеделниот напад меѓу кои е Луц, ќе биде отпечатен во три милиони примероци и продаван во 25 земји, за разлика од порано кога се печателе 60 илјади примероци.
Дистрибутерот веќе бил преплавен со барања за поголем тираж во Франција и во странство, па затоа била променета првичната одлука за милион примероци.
Адвокатот и портпаролот на Ричард Малка потсетува дека во последните 22 години во „Шарли Ебдо“ освен карикатурите на Мухамед биле застапени и карикатури на Исус, на папите и на другите великодостојници од сите религии, па, би било зачудувачки сега да не биде повторно Мухамед, пренесува АФП.
Заради карикатурите на пророкот Мухамед редакцијата беше под закана од екстремистите. При терористичкиот напад на „Шарли Ебдо“ на 7 јануари загинаа 12 луѓе од кои 8 од редакцијата на неделникот, а 11 лица беа ранети.
Соња Стојановска
