Можностите за бизнис во Македонија ќе бидат претставени во Калкута и Џајпур
13.01.2015 13:07
Вчера, бизнис форум се одржа во градот Ченаи, каде индиските бизнисмени беа импресионирани од условите за водење бизнис во Македонија...

Владината делегација, предводена од премиерот Никола Груевски ја продолжува посетата на Индија, каде пред индиските бизнисмени ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
Ниските даноци и поволностите што им се нудат на странските инвеститори, ќе бидат претставени пред претставниците на индиските компании од Калкута и Џајпур.
Вчера, бизнис форум се одржа во градот Ченаи, каде индиските бизнисмени беа импресионирани од условите за водење бизнис во Македонија, и отвореноста на владата за соработка со потенцијалните странски инвеститори.
