Во Бугарија уапсен француски државјанин поврзан со браќата Куаши
13.01.2015 13:11
Претходно во Турција, на пат за Сирија, беше забележана Ајат Буамедиен, соучесничка на Амеди Кулибали, кој уби 4-ца во париска продавница...

Во Бугарија е уапсен француски државјанин кој контактирал со еден од двајцата браќа Куаши кои масакрираа 12-мина во сатриричниот магазин Шарли Ебдо.
Претходно во Турција, на пат за Сирија, беше забележана Ајат Буамедиен, соучесничка на Амеди Кулибали, кој уби 4-ца во париска продавница.
Шарли Ебдо ја објави насловната страница на утрешното издание - пророкот Мухамед, со солза во очите, како држи знак „Јас сум Шарли“, а над цртежот има наслов „се е простено“.
Во Париз и во Ерусалим се одржуваат церемонии во чест на загинатите.
