Македонски државјанин обвинет за измама со кредитни картички во САД

13.01.2015 13:14

Му се заканува затвор од 40 години за фалсификување кредитни картички и трговија со украдени податоци...

Македонскиот државјанин Јордан Георгиевски е еден од 50-мина обвинети за измама со кредитни картички на американската тајна служба за компјутерски криминал.

Му се заканува затвор од 40 години за фалсификување кредитни картички и трговија со украдени податоци.

Групата, преку интернет страница со околу 7 илјади корисници ја оштетила државата за над 50 милиони долари.