Дипломатијата се екипира според предвидената динамика
13.01.2015 13:32
Веќе се избрани Амбасадори за Берлин и Москва и тие многу скоро ќе се упатат на нивните нови функции, информираат од македонското МНР...

Се екипира дипломатската мрежа според предвидената динамика. Заминувањето на Амбасадорите е согласно финансиските можности.
Амбасадите на Република Македонија со потенцијалот што го имаат ги вршат тековните обврски. Веќе се избрани Амбасадори за Берлин и Москва и тие многу скоро ќе се упатат на нивните нови функции, информираат од македонското МНР.
Освен во центрите на моќ и европските држави, македонската дипломатска мрежа се шири и кон Азија.
Првите македонски амбасадори во Казахстан, Обединети Арапски Емирати и Јапонија веќе заминаа на должност.
Лидија Чакар
