САД ги зголемуваат мерките за безбедност
13.01.2015 13:36
САД нема координирана стратегија против сајбер нападите - заклучува владин извештај, помалку од 24 часа откако исламистички хакери упадна во Твитер и Јутуб...

Департментот за домашна безбедност на САД нема координирана стратегија против сајбер нападите - заклучува владин извештај, помалку од 24 часа откако исламистички хакери упадна во Твитер и Јутуб профилите на американската воена команда на Блискиот Исток.
САД ги зголемија мерките за безбедност во владините згради и на аеродромите, по нападите во Франција.
„Очекувам да гледаме обиди, а дури и успешни напади во САД, но нашите разузнавачи и силите на редот се далеку подобри отколку на 11 септември“, изјави Даниел Бенџамин, екс координатор за борба против тероризмот на Стејт Департментот.
