Можен бран на атентати во Европа- најавуваат разузнувачките служби

13.01.2015 13:42

Како што пишува неделникот „Билд“ кој се повикува на анонимни извори на американските разузнувачки служби непосредно пред нападот во Париз „уловиле“ комуникација во која челниците на Исламаската држава најавуваа бран од напади...

Нападите во Франција можеби најавуваат бран атентати во Европа пишува германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на податоците на американските разузнувачки служби добиени при следењето на комуникациите меѓу челниците на организацијата Исламска држава.

Како што пишува неделникот „Билд“ кој се повикува на анонимни извори на американските разузнувачки служби непосредно пред нападот во Париз „уловиле“ комуникација во која челниците на Исламаската држава најавуваа бран од напади.

Париз бил спомнуван како почеток на нападите на повеќе европски градови меѓу кои и Рим. Во неделникот се напоменува дека  немало никаков конкретен план за нападите. Американските служби наводно располагале со информации за контакти  меѓу браќата  напаѓачи во Холандија.

Соња Стојановска