НБА Лига

Тепачка меѓу Гарнет и Хауард

13.01.2015 13:59

Центрите се степаа, двајцата беа казнети со технички, исклучен беше само Гарнет. Се очекува дополнителна реакција на канцеларијата на НБА...

Џиновите ја одбележаа ноќта, а најверојатно и сезоната во НБА лигата. Не на играчки план, туку со недостаток на толернација и на спортско достоинство. Центрите се степаа, двајцата беа казнети со технички, исклучен беше само Гарнет. Се очекува дополнителна реакција на канцеларијата на НБА.
 
Рокетс го добија мечот во Барклејс центарот, против Нетс, со 99:113. Најдобри поединци беа Харден со 30 поени и 6 асистенции кај победникот, односно Пламли со 24 поени и со 10 скокови кај поразениот домаќин. Ова беше 6-тиот пораз во низа за Њу Џерси, односно 4-тата победа во серија за Хјустон.
 
На натпреварот со најмногу поени во синоќешната НБА понуда, Орландо зад 33-те поени и 11-те скокови на Вучевиќ, се радуваше во Чикаго со 114:121. Гасол игра како препороден, за поразените постигна 28 поени и со 14 скокови.
 
Брендон Џенингс имаше 34 поени со 10 асистенции, во 9-та победа на последните 10 средби за Детроит. Пистонс славеа против Репторс со 111:114, во реваншот за поразот дома и за прекин на серијата од 4 загубени средби во меѓусебните дуели.
 
Салингер беше предводникот на Бостон во триумфот против Њу Орлеанс од 108:100, со 27 поени и со 10 прифатени топки.