Такси превозниците од први јануари со сертификати

13.01.2015 14:05

Целта е подигнување на квалитетот на услугите...

Од први јануари годинава секој такси превозник во Скопје треба да поседува сертификат. Целта е подигнување на квалитетот на услугите.

„Градот Скопје се надева дека со добивањето на овие сертификати кандидатите ќе можат полесно да се вработат во такси компании, ќе воведе поголем ред во такси превозот, ќе се зголеми безбедноста на патниците коишто користат такси услуги, ќе се зголеми квалитетот на тие услуги и ќе се елиминира нелојалната конкуренција во такси превозот“, истакна градоначалникот Коце Трајановски.

До денеска ја завршиле обуката и го положиле испитот 12 кандидати, коишто за да ја посетуваат обуката и да го полагаат испитот платиле вкупно 3.500 денари.