Ставрески чека Шилегов да му се извини

13.01.2015 14:26

Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини, или да се извини јавно, соопштуваат од Министерството за финансии...

Шилегов денес молчи. Молчи затоа што е свесен дека лажеше дека вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со Лудвиг Фајфер. Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини, или да се извини јавно, соопштуваат од Министерството за финансии.
 
За двете опции времето немилосрдно му тече. Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреди и клевети му останаа уште само 24 часа.
 
Шилегов јавно да му се извини на министерот за финансии Зоран Ставрески за лагата и клеветата. Во спротивно во среда ќе му биде поднесена тужба за клевета и навреда, соопштуваат од Министерството.