Ректорската управа на УКИМ побара пилот-проект за државниот испит

13.01.2015 16:14

Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование ...

Ректорот и деканите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование.
 
Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти, стои во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми. 
 
Предлогот произлезе од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.