Ципрас: Соседната земја сега не го прифаќа решението што ќе го прифатеше пред 20 години
Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, овој факт последен го потврди лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, во интервју за грчката телевизија Стар...

Македонската влада пред 20 години, за разлика од денес, ќе прифатела решение согласно грчките критериуми односно сложено име со географска одредница за вкупна употреба. Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, овој факт последен го потврди лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, во интервју за грчката телевизија Стар.
Одговорноста за тоа што во минатото не бил постигнат компромис за решение согласно актуелната грчката црвена линија, според Ципрас, му припаѓа на тогашниот шеф на дипломатијата и актуелен грчки премиер Антонис Самарас.
„Се покажа дека Сириза пред 20 години беше во право за македонското прашање. Оној за кого што се докажа дека не бил во право и кој што во историјата ќе остави дамка од црно мастило е премиерот Андонис Самарас, кој што тогаш беше министер за надворешни работи. Ние уште тогаш предложивме прифаќање на пакетот „ПИНЕИРО“ и ако тогаш го прифатевме, спорот веќе ќе беше решен. Сега Грција го бара овој пакет односно бараме сложено име со географска одредница, но соседот не го прифаќа тоа“, открива Ципрас во интервјуто за Стар.
Поконкретна временска одредница за тоа која македонската Влада прифатила комплетно бришење на Република Македонија односно решение за вкупна употреба, пред неколку денови даде кандидатот за пратеник на Сириза од Солун, Михалис Тремопулос, кој што посочи дека во 1992 ра година имало можност за затворање на спорот со решение согласно грчките критериуми.
„Прашањето со пј Р. Македонија ќе беше затворено уште од 1992 ра, согласно сето она што и денес го бара официјалната грчка политика, ако не беше Самарас кој што го торпедираше секој реалистичен компромис, користејќи страв и национализам за подигање на личната политичка тежина во земјата“, откри Тремопулос.
Марија Котовска постојан дописник на МРТ од Атина
