Истекува рокот за замена на фискалните каси
До 31-ви јануари сите даночни обврзници треба да воведат нов апарат со ГПРС уред. Досега над 30 илјади фирми се опремиле. Тука влегуваат и големите компании кои беа опфатени во првата фаза...

Истекува рокот за замена на старите фискалните каси. До 31-ви јануари сите даночни обврзници треба да воведат нов апарат со ГПРС уред. Досега над 30 илјади фирми се опремиле. Тука влегуваат и големите компании кои беа опфатени во првата фаза.
На терен веќе се почитува новата обврска, но има и такви кои го чекаат последниот воз.
„Нова обврска што ја бара УЈП е воспоставена во сите дуќани, значи имаме поставено фискални каси со ГПРС“.
„Продажбата после Нова година повторно зема замав, но има и фирми клиенти кои го чекаат последниот рок, 31 јануари за да си ја завршат оваа обврска, односно да го обезбедат потребните фискални апарати и фискални принтери“, велат дел од компаниите.
Компании што тргуваат со фискалните каси се задоволни од одлуката на УЈП да не се наплаќа за одјава на апаратот. Велат дека сега фирмите можат слободно да бираат од каде ќе го набават новиот фискален систем.
„Сега се зголемени и надминати нашите очекувања во овие неколку дена, бидејќи нелојалната конкуренција која се случуваше ги демотивираше корисниците, да се осмелат веднаш да ги поднесат документите да го набават новиот фискален апарат.“
Трошоците за новите фискални каси се на товар на државниот буџетот.
Со набавката на новите апарати ќе се намалат трошоците на компаниите и ќе се елиминира нелојалната конкуренција, а УЈП во секој момент ќе може електронски да ги следи финансиските извештаи од секој фискален апарат.
Сунчица Николовска
