Детската кардиохирургија ќе ја позиционира Македонија високо на здравствената мапа

13.01.2015 16:41

Пред две години под будното око на американскиот тим хирурзи дечиња со тешки срцеви аномалии се оперираат и во земјава. За овој период на Клиниката за детска хирургија, животот е спасен на 100 дечиња...

Велат во детското срце се крие најчистата љубов, извор на живот што за жал честопати е доведен во прашање. Околу 250 бебиња годишно во земјава се раѓаат со вродени срцеви аномалии. Кај 120 тие се отстрануваат по хируршки пат. За да им се спаси животот, 70 од нив се оперираат уште во првите два месеци од раѓањето.

Пред две години под будното око на американскиот тим хирурзи дечиња со тешки срцеви аномалии се оперираат и во земјава. За овој период на Клиниката за детска хирургија, животот е спасен на 100 дечиња.

„Ненонаталната и детска кардиохирургија брои околу 170 дијагнози, скоро 90 проценти од сите дијагнози ги покриваме во Македонија, има заболувања како хипопластично лево срце и трансплантациите сеуште не ги правиме, што се однесува до смрттноста европските граници на смртноста се движат од 3 до 5 проценти. Од 2013-та имаме многу подобри резилтати, но има анмалии од кои не можете да излезете победник“, вели спец. д-р Владимир Чадиковски, Клиника за детска хирургија.

За да може македонскиот тим лекари самостојно да оперираат детски срца, треба да поминат од 200 до 250 операции. Според проценките потребни се уште три години. Доктор Чадиковски вели, ако покажеме добри резултати, како досега, Детската кардиохирургија ќе ја позиционира Македонија високо на здравствената мапа. Пациенти од регионот, особено од Косово ќе доаѓаат кај нас.

„Од хируршки аспект сметам дека не би имало проблем ако во тој момент има потреба од кардиохируршка интервенција,поконкретно за трансплантација, но пост оперативниот третман е многу комплексен, потребни се други пропратни работи кои што во овој момент сеуште не се соодветни, но сметам дека одреден број од колегите покажуваат интерес да се едуцираат во тоа поле и верувам дека во скоро време ќе успееме и тоа да го направиме“, додава д-р Чадиковски.

Во текот на следниот месец американскиот тим лекари повторно ќе дојдат на живото спасувачка мисја во земјава.

 

Андријана Атанасовска