МОН го поддржува предлогот на УКИМ за пилот проект за државниот испит

13.01.2015 17:24

Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар...

Министерството за образование и наука го поддржува денешниот предлог на УКИМ за спроведување пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување. Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар.
 
Во соопштението наведуваат дека Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.
 
Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија, стои во соопштението. 
 
Потсетуваат дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од  останатите општествени чинители.