Пакетот образовни закони во процедура
Студентскиот пленум најави дека пред почетокот на седницата на симболичен начин ќе се спротивстави на негово усвојување. Претставниците на граѓанската иницијатива вчера повикаа на единство во академската заедница...

Денеска пред пратениците во Собранието ќе се најдат измените на Законот за високото образование. Точно напладне треба да почне пленарната седница на чиј дневен ред како 34 точка е ставен и дополнетиот предлог- закон за измените и дополнувањата на овој закон во второ читање.
Студентскиот пленум најави дека пред почетокот на седницата на симболичен начин ќе се спротивстави на негово усвојување. Претставниците на граѓанската иницијатива вчера повикаа на единство во академската заедница, упатија апел до Професорскиот пленум да седнат на заедничка маса и да дебатираат, но од Професорскиот пленум ја одбија поканата.
За нив средбата предложена да се одржи истиот ден кога е закажана седницата на која се очекува изгласување на предложениот пакет закони е беспредметна. Од кабинетот на претседателот соопштија дека Иванов го повторил ставот дека дијалогот, размената на идеи и на иницијативи е единствениот начин кој може да доведе до успешна трансформација во високото образование.
