Стимулација на брачните двојки
Грчеви се пример за среќно семејство. Јасмина била четврта година средно кога дознала дека ќе биде мајка. Биле многу млади, се плашеле како ќе упеат, како ќе одговорат на родителската должност. И покрај сите стравови, се решиле за семејство.
Се трудев колку што можев, и помагав на сопругата, затоа што ни беше прво дете, имавме голема помош од нејзините и од моите родители. Сите ни помагаа, не поддржуваа.

Набргу им се родил и вториот син. Откако го реализирале планот да имаат сопствен дом, почнале да рaзмислуваат за трето дете. По 10 години добиле ќерка.
Постигнувам, воопшто не ми е тешко. Не чувствувам товар, досега имав две деца, сега имам три, па имам и повеќе обврски, воопшто не ми е тешко, си го распоредувам времето. И исполнета сум со љубов, со среќа, и тоа ме одржува.
Да беа сите храбри како Бошко и Јасмина, демографската слика ќе беше подобра.
По примената на социјалните политики на извршната и на законодавната власт за стимулација на брачните двојки за раѓање дечиња, статистиката покажа дека мерките биле делотворни. Во 2008 година запре падот на наталитетот. Беа регистрирани 3.963 лица како позитивна разлика во однос на живородени и починати лица. Во наредната 2009 година таа разлика дополнително се зголеми и достигна 4.624 лица природен прираст, а во 2010 година прирастот ја достигна бројката од 5.183 лица, со што се врати на нивото од пред 2005 година, а индексот се врати на ниво од 38 насто од базната вредност.
Александра Перевска