Попусти

Ниските цени- мамка за потрошувачите

14.01.2015 10:58

Чекањето во редиците за да се купи нешто на попуст е единствената работа за која луѓето не се бунат. Сезоната настапи токму сега. Се нуди се и сешто, дури и книги. Купувачи се подеднакво, и мажите и жените...

Почна сезоната на попусти. Во периодот кога граѓаните најмногу слават и трошат, и најголемиот број продавници нудат сезонски попусти и акции. Од „плати едно до земи две“, до најголем попуст во градот. Граѓаните велат дека попустите само делумно им ги намалува трошоците.

Освен бутиците за облека и чевли, често и книжарниците неколкупати во годината имаат попусти за читателите. Во пресрет на позначајни датуми како што се 8-март, Валентајн, велигденските празници и саемите на книга, попустите некогаш достигнуваат и до 70%.

Сопствениците велат дека и мажите и жените еднакво ги користат сезонските попусти. Во светот кога станува збор за намалување на цените, постои вистинска хистерија кога луЃето од раните утрински часови чекаат пред продавниците за да дојдат до саканиот производ.

 

Катерина Давчева