Досега 25 деца од социjaлни семејства од Велес го минаа зимскиот распуст на Пелистер
Од Центарот за социјални работи велат дека интересот на децата за зимување бил голем, но проблем прават и вирусните инфекции и грипот...

Третата и последна група деца кои оваа зима ќе зимуваат на трошок на државата замина за Пелистер. Во групата се и шест деца од Велес.
„Прв пат ми е да одам на зимување, возбудена сум.“
„Очекувам да се скијаме да се дружиме“, велат анкетираните деца.
И родителите задоволни од оваа владина мерка.
„Како родители не можеме да им обезбедиме и они се радуваат сакаат да зимуваат“, вели Славица Петковска, родител.
Вкупно 25 деца од Велес, пет дена од својот зимски распуст поминаа на Пелистер. Од Центарот за социјални работи велат дека бројот на поднесени апликации за остварување на правото на зимување бил многу поголем.
„Има многу голема промена, точно денот пред да одат кога повторно бараме да видиме дали дечињата ке одат има многу откажувања. Има дечиња кои примаат посебен додаток и мора да одат со придружба, а и времето е такво сега, владее грип“, изјави Славица Петрушевска, Центар за социјални работи, Велес.
Според податоците на Центар за социјални работи, велешките деца повеќе сакаат да летуваат. Дури 95 деца се рекреирале во Струга.
Ова е втора година како Министерството за труд и социјална политика овозможува деца од семејства со ниски примања да одмараат на државна сметка.
Дијана Иванова
