Најновиот број на „Шарли Ебдо“ распродаден за десет минути во Франција
14.01.2015 12:35
Вообичаено во еден киоск се продаваат од 3-4 примероци неделно, денес во скоро сите киосци беа оставени над сто...

Потребно беше да се стани рано за да има надеж да се купи примерок од историскиот број 1.178 на „Шарли Ебдо“. Без разлика дали во Париз или во другите француски градови како овде во Стразбур, многумина станаат рано и од 5 часот беа во редица пред киосците за да го најдат неделникот, но многумина се вратија разочарани, тој беше разграбан за неколку минути.
Вообичаено во еден киоск се продаваат од 3-4 примероци неделно, денес во скоро сите киосци беа оставени над сто.
Насловната страница на сите им е позната. Пророкот Мухамед со солза во окото и со натпис „Јас сум Шарли“, а над цртежот на пророкот како плаче стои натписот „Се е простено“.
Ова е првиот број на сатиристичниот неделник кој се појави по терористичките напади во кои беше десеткувана редакцијата.
Бројот го составија „преживеаните“ од минатонеделниот напад меѓу кои е Луц, тој ќе биде отпечатен во додатни два милиони примероци, со што тој ќе достигне 5 милиони премиероци, продаван во 25 земји и преведен на 6 јазици, за разлика од порано кога се печателе 60 илјади примероци.
Цртачот, на коментарите и забелешките на некои дека „повторно провоцираат“ одговори: „Ние го направивме Шарли, така како што ние сакавме, а не како што светот очекуваше од нас“.
Ако карикатурите и цртежите од новото издание се премезени во многу земји во светот, тоа на пример не е случај со Велика Британија, а критики доаѓаат најмногу од муслиманските земји.
Заради карикатурите на пророкот Мухамед редакцијата беше под закана од екстремистите. При терористичкиот напад на „Шарли Ебдо“ на 7 јануари загинаа 12 луѓе од кои 8 од редакцијата на неделникот, а 11 лица беа ранети.
Од минатата недела под полициска заштита е ставен и другиот сатиристички неделник „Канар Еншене“ кој доби закана дека неговите новинари ќе бидат исечени со сатар.
Во Франција се засилува арсеналот за борба против тероризмот. Истрагата за исламистричките мрежи и евентуалната логистичка поддршка на терористите од други лица во Франција, продолжува со истовремено засилување на безбедносните мерки. Во Франција има 10000 припадници на армијата на теренот, многу повеќе околу во воените операции во странство.
Истовремено политичката класа на Франција се покажа обединета како никогаш досега, потврда на тоа беше едногласното пеење на Марсејезата од сите пратеници во Националното собрание, што не е запаметено од крајот на Првата светска војна.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
