Девизните резерви во 2014-та зголемени за 488,4 милиони евра
14.01.2015 12:50
На крајот на 2014 година изнесуваа 2.432.200.000 евра, што е за 488,4 милиони евра повеќе од крајот на 2013-та...

Девизните резерви на Народната банка на Република Македонија на крајот на 2014 година изнесуваа 2.432.200.000 евра, што е за 488,4 милиони евра повеќе од крајот на 2013-та.
Според објавените податоци на НБРМ, монтерното злато во вкупните резерви изнесува 215,600.000 евра, валутите и депозитите се 272.800.000 евра, а хартиите од вредност 1.943.800.000 евра.
