Пожар во хотел во Банско во кој имало и Македонци- нема повредени
14.01.2015 13:02
Сите деветнаесет гости, меѓу кои имало и Македонци, веднаш биле евакуирани. Нема податоци за повредени...

Пожар во хотелот Шато Вапцаров во Банско, Бугарија. Сите деветнаесет гости, меѓу кои имало и Македонци, веднаш биле евакуирани. Нема податоци за повредени.
Борбата со огнената стихија траела четири часа. Огнот избувнал на покривот и се проширил на горните катови од хотелот. На помош на пожарникарите од Банско им пристигнале и колеги од Разлог.
