Цената на нафтата на светските берзи продолжува да паѓа

14.01.2015 13:13

Земјите на ОПЕК најавија дека до јуни, до следната министерска средба,нема да ги менуваат потојните квоти на производство...

И покрај ветувањата на земјите дека производители ќе го задржат постојното ниво на производство, цената на нафтата продолжи да паѓа. Барел американска лесна нафта за испорака во февруари во Њујорк поевтини за 58 центи и се продаваше за 45,31 долар за барел.

Земјите на ОПЕК најавија дека до јуни, до следната министерска средба,нема да ги менуваат потојните квоти на производство. Ги повикаа САД да ја намалат продукцијата на нафта добиена од шкрилци.