Истрага против седум вработени во Министерството за животна средина

14.01.2015 13:17

Постои основано сомневање дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од 2009 до 2013 година...

Постапувајќи по Кривична пријава на одделението за сузбивање организиран криминал Основното јавно обвинителство – Скопје, ќе почне со спроведување истражна постапка против 7 лица, вработени во Министерството за животна средина и просторно планирање, поради постоење основано сомневање дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од 2009 до 2013 година.

Обвинетите се товарат дека направиле имотна корист од физичко лице во вредност од  626.758.506,00 денари, во постапките за добивање дозволи за складирање, третман и/или преработка на отпад и дозвола за оператор на депонија, иако не ги исполнувал потребните услови.