Ограбена аптека во Топанско поле

14.01.2015 13:51

Разбојништвото го извршиле со закана со пиштол и од вработената одзеле 18 илјади денари...

Синоќа две маскирани лица ја ограбиле аптеката „Голд Мун“ во скопската населба Топанско поле.

Разбојништвото го извршиле со закана со пиштол и од вработената одзеле 18 илјади денари.

Од МВР соопштуваат дека  се преземаат мерки за откривање на сторителите.