Протестите против реформите во високото образование губат масовност, поддршката од професорската фела расте

14.01.2015 14:50

Како што најави, Студентскиот пленум изрази јавно несогласување со законските измени во високото образование. Реформскиот пакет, пак, добива се помасовна поддршка од професорската фела...

Протест против измените на Законот за високо образование. Студентскиот пленум пред Собранието протестираше еден час. Меѓу малубројните, и луѓе со партиски габарит.
 
Протестите како да ја губат масовноста. Се дебатираше во изминатиов период со цел зголемување на квалитетот и стандардите во високото образование.
 
„Факултетите треба да бидат независни, самите да ги носат одлуките, како да управуваат како да постапуваат во однос на оценувањето“, смета Бојан Макревски, Студентски пленум.
 
Во меѓувреме, Законот за високо образование добива се поголема подршка и од професорската фела. Граѓанската иницијатива за подршка веќе ја потпишаа повеќе од 250 професори.
 
Додека траеше тримесечната дебата за новините, над 20 предлози беа прифатени да се вметнат во законот.
 
Последниот од нив- државниот испит да е пилот проект кој го предложи Ректоратот на УКИМ, Министерството за образование го оцени како конструктивен и прифатлив.
 
 
 
Миле А. Ристески