Посакаа конструктивна дебата - од утре тоа ќе треба и да го докажат
Работната 2014 –та од утре почнува да ги полни страниците .Законодавниот дом стартува со продолжението на започната седница во 2013-та , којашто дел од пратениците ја испратија со надеж дека политичкиот дијалог во 2014-та ќе биде покунструктивен
Сакам да бидам оптимист и сакам да биде добра за мојата држава- Цветанка Иванова СДСМ
Тензиите коишто осцилираат помеѓу политичките партии, ќе бидат присутни заради тоа што имаме и претседателски избори - Илија Димовски ВМРО-ДПМНЕ

Кај нас се случува вистинска парламентарна демократиоја.Има секогаш соочување ,има предизвици- Сузана Салиу ДУИ
Додека власта носи контрадикторни закони кои се против народот ,ќе има и високи тонови - Билјана Казанџиска СДСM
Очекувам една фер коректна дебата,во која што пратениците ќе ги искажуваат своите ставови и мислења,без некакви работи како што ги имавме минатата година -
Славе Ѓошев ВМРО-ДПМНE
Дел од пратениците сомничави .Не секогаш , велат желбите се пресликуваат во реалноста
Очекувам да продолжиме со дневните тѕривијалности.Да не водиме сметка за тоа што очекуваат и посакуваат другите од нас- Ивон Величковски ЛП
Нивото на политичката култура што ја имаме е тоа.Таа преку ноќ не се менува –
Ќенан Хасипи ДПТ
2013 –та во наследство на Новата година и остави и неколку отворени прашања . Празните столчиња на опозициските координатори на средбите со собранискиот спикер Вељаноски и мирувањето на работната група којашто треба да ги имплеметира заклучоците од АДХОК комиисијата поради бојкотот на СДСМ .Изборната 2014 –та ќе носи и нови жешки теми , како што е изборната регулатива . Очекувањата на мнозинството е декмократска трка , опозицијата посакува мудрост од граѓаните при гласањето .Заедничка желба на сите –Годинава граѓаните да имаат повисок стандард ,а невработеноста да се намалува.
Виолета Димовска