„Пегида“ ги шири протестите низ Европа

14.01.2015 15:17

Швајцарски активисти основаа локална гранка на „Пегида“ која добива се поголема поддршка и планира да одржи демонстрации наредниот месец...

И додека во светот одекнува слоганот „Јас сум Шарли“, во Германија се одржуваат протести против исламизацијата на западот, кои по се изгледа ќе се прошират и во Европа.

Швајцарски активисти основаа локална гранка на „Пегида“ која добива се поголема поддршка и планира да одржи демонстрации наредниот месец.

На Фејсбук профилот на „Пегида“ се повикуваат сите поддржувачи да излезат на демонстрации во петок.