Пронајден трупот на авионот на „Ер Азија“

14.01.2015 15:26

Засега, истражителите веруваат дека причина е обидот на пилотите да избегнат невреме спуштајќи го авионот подолу. Досега од 162 - та патници кои беа на кобниот лет, извлечени се 48 тела...

Сингапурската морнарица го пронајде трупот на авионот на „Ер Азија“ што се урна во Јаванско море. Индонезиските нуркачи вчера ги извлекоа и двете „црни кутии“ кои по анализата во Џакарта, се очекува да дадат појасна слика за причините за уривањето на Ербасот.

Засега, истражителите веруваат дека причина е обидот на пилотите да избегнат невреме спуштајќи го авионот подолу. Досега од 162 - та патници кои беа на кобниот лет, извлечени се 48 тела.

Властите се надеваат дека повеќето од останатите жртви ќе бидат пронајдени кога ќе бидат поместени неколкуте големи парчиња на урнатиот авион од дното на морето.