Ставрески ќе поднесе тужба за клевета против Шилегов
Ставрески,како што вети, подготви и во текот на денот ќе достави тужба за клевета до Обвинителството, соопштуваат од Министерството за финансии...

Бидејќи Шилегов не даде никакви докази дека вицепремирот е потписник на договорот, ниту се извини за лагата, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, подготви и во текот на денот ќе достави тужба за клевета до Обвинителството, соопштуваат од Министерството за финансии.
Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја изрече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма Лудвиг Фајфер за рехабилитација на канализационата мрежа во Прилеп, стои во соопштението.
