Градските власти избегнуват закоп на француските џихадисти во нивните општини

14.01.2015 16:09

Тројцата француски џихадисти што се убиени минатата недела во Париз, нема да се погребаат пред да заврши истрагата за терористичките напади, пренесува Бета според написите во парискиот весник „Фигаро“...

Телата се во мртовечница, а за тоа каде ќе се погребаат исламистите се чека одлука на државниот обвинител. Освен што се строги,  правилата налагаат закоп  или во местото каде што живееле или каде што починале, а можностите за друга земја се само во случај да има меѓудржавен договор.

Семејството се уште не поднело барање за закоп, но надлежните повеќе би сакале да не се во нивните општини, пишува „Фигаро“.

Градските власти се плашат дека нивните гробови можат да станат места за масовно исламистичко оддавање почит.