Атланта и Голден Стејт дојдоа до 30 победи
Атланта со ефект од 30 – 8 е лидер во Источната конференција со четири победи повеќе од Вашингтон, кој во дербито славеше над Сан Антонио со 101 : 93...
Атланта и со Перо Антиќ на клупата продолжува во доминантен стил да ги меле противниците. Нагостувањето во Филаделфија ја постигна деветтата победа во серија, или 30 сезонава со резултат 105 : 87. Поради разликата во квалитет, покрај Перо поштеда добија и Милсап и Тиг, а Ал Хорфорд беше најдобар поединец со “трипл дабл“ од 21 поен и по 10 скокови и асистенции. Атланта со ефект од 30 – 8 е лидер во Источната конференција со четири победи повеќе од Вашингтон, кој во дербито славеше над Сан Антонио со 101 : 93, благодарение на Џон Вол со 25 поени и 8 асистенции. Актуелниот шампион со 23 - 16 е седми на Западот.
Мо Вилијамс ја одигра партијата на кариерата во победата на Минесота над Индијана на гости со 110 : 101. Леброн Џејмс се врати по повдредата со 33 поени и 7 скокови, но Кливленд загуби од Феникс со 107 : 100. Домашните го имаа инспирираниот Маркиф Морис кој постигна 35 поени. Вонајнеефикасниот дуел Мајами оствари гостинска победа над ЛА Лејкерс, предводен од Чалмерс со 19 поени и 8 асистенции. Коби Брајант постигна 12 поени со само 3 погодени од 19 обиди од игра, затоа што беше одлично чуван од Двејн Вејд кој се определи за тимска игра и заврши со 4 поени. Голден Стејт и натаму е најуспешен во лигата со 30 – 5, по победата против Јута во Солт Лејк Сити со 116 : 105 во која Стивен Кари постигна 27 поени и 11 асистенции. Далас дури по продожение славеше во Сакраменто 108 : 104 предводен од Мнта Елис со 28 поени, а кај “кралевите“ Козинс имаше 32 поени 16 скокови и 9 скокови.
