Голем интерес за лустрациската комисија

07.01.2014 17:39

Лустрациската комисија е примамлива за голем број кандидати, тврди првиот човек , Aџиев.  Пројавен е голем интерес ама најголемата опозициска партија, СДСМ , не го менува ставот. Не само што нема да предложи, ниту да поддржи некој кандидат, туку целосно нема да учествува во процесот на лустрација, вели за МТВ Генералниот Секретар на партијата Спасовски. Не би сакале да се дел од ваква каква што е лустрацијата, вели тој. Сосема спротивното го тврди првиот лустратор. Според него граѓаните се тие што препознаваат дека процесот се одвива правилно.

Лустрациската комисија е примамлива за голем број кандидати, тврди првиот човек , Aџиев.  Пројавен е голем интерес ама најголемата опозициска партија, СДСМ , не го менува ставот. Не само што нема да предложи, ниту да поддржи некој кандидат, туку целосно нема да учествува во процесот на лустрација, вели за МТВ Генералниот Секретар на партијата Спасовски. Не би сакале да се дел од ваква каква што е лустрацијата, вели тој. Сосема спротивното го тврди првиот лустратор. Според него граѓаните се тие што препознаваат дека процесот се одвива правилно. Утврдена е една бројка на соработници со службите и тоа треба да се доведе до крај. Тоа се потврдува вели Аџиев и во извештајот на Европската Комисија. Кандидатите од опозицијата и претходно не и биле од голема полза на комисијата, вели Аџиев, бидејќи ја напуштиле поради повикот на нивниот лидер.

(во телоп ) Не може од желбата на една политичка групација да зависи процесот кој е од државен интерес. Политичките партии имаат потреба да ги застапуваат своите интереси и своите политики во парламентот, меѓутоа кога станува збор за работи утврдени со закон и се работи за интересите на земјата, особено кога законот е донесен од пратениците со апсолутно мнозинство,  тогаш доколку некои дополнително пројават други интереси тие не може да го попречуваат процесот . Ќе останат надвор од него, а процесот мора  да продолжи во интерес на Република Македонија

Деветмина од  досегашните членови на комисијата ќе конкурираат повторно. Аџиев се надева на поддршката на  владејачката ВМРО ДПМНЕ, а либералите ќе ја поддржат Ристана Лалчевска, поранешна пратеничка. Дамјановски кој беше кандидат на опозицијата смета на поддршката од другите опозициски партии.

Стенд ап

На новоизбраните членови мандатot  ќе им трае 5 години , а тие ќе треба да го завршат процесот на лустрација.   

Фиљана Кока