Тодоров: Ги постигнавме европските стандарди во интервентната кардиологија
Веднаш по инсталирањето на новиот апарат ангиограф изведени се првите две интервенции, а во едниот случај станувало збор за млад живот. Министерот за здравство, Тодоров истакна дека со отворањето на центарот, се исполнуваат европските стандарди...

За два дена спасени два живота во новиот центар за интервентна кардиологија во струмичката болница. Веднаш по инсталирањето на новиот апарат ангиограф изведени се првите две интервенции, а во едниот случај станувало збор за млад живот. Министерот за здравство, Тодоров истакна дека со отворањето на центарот, се исполнуваат европските стандарди, а ќе бидат дадени поголем број и поквалитни на услуги.
„Струмица станува дел од кардиолошките центри во Македонија. Ние ги исполнивме европските стандарди за еден ангиограф на секои 200 илјади жители“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров
Кардиолошкиот оддел има подготвен лекарски тим, а поддршката од министерствто и треба на болницата која станува регионален центар, вели директорката д-р Ангова.
„Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата. Ни беа потребни две години за да овозможиме да им даваме квалитетни услуги на пациентите“, вели спец. д-р Аница Ангова, директор на Општа болница Струмица.
Ова е 10 -ти ангиограф во Македонија како дел од проектот на Владата за нова медицинска опрема за болниците. Со 11-от што се инсталира ќе се заокружи мрежата на вакви кардиолошки центри во кои ќе се следат состојбите на крвните садови, ќе се врши скенирање и поставување стентови.
Интервенциите во Струмица домашниот тим лекари ги врши со помош на кардиолог од Србија. Комплетната опрема чини околу 60 милиони денари.
По Штип, и струмичката болница станува здравствен центар кој се опремува со нови апарати. Неодамна одделението за уво нос и грло, доби современ ултраскопски скалпел за брзо отстранување на крајници.
Катерина Давчева
