Зголемени лекарски интервенции за празниците
Алкохолни труења, покачен крвен притисок, пациенти со стомачни тешкотии. Иако трпезата посна, за Бадник на Клиниката за токсикологија 50-тина граѓани побарале лекарска помош. Не внимавале на препораките на лекарите, консумирале повеќе алкохол и храна.
Алкохолни труења, покачен крвен притисок, пациенти со стомачни тешкотии. Иако трпезата посна, за Бадник на Клиниката за токсикологија 50-тина граѓани побарале лекарска помош. Не внимавале на препораките на лекарите, консумирале повеќе алкохол и храна.
Бројот на алкохолни труења е намален. Меѓутоа другите дијагнози се вообичаени за ваквите празници. Тие што постеле веројатно малку се олабавиле во внесувањето храна која во себе содржи животински маснотии. Луѓето малку сигурно и испиле повеќе, такви се празниците. - вели Д-р Андрон Чибишев директор на Клиниката за токсикологија
Коледарските огнови ги вжештиле телефонските линии во Итната медицинска помош. За 8 часа, лекарите имале 80 интервенции.
Ако граѓаните треба да наздрават и ако треба да си ги честитаат Нова година и Божик да консумираат алкохол во ограничено количество, а болните кои имаат препораки од лекарите да ја земаат препишаната терапија, да не претеруваат со храната, особено масната храна и да земаат витамини. – вели Д-р
Љупчо Пајковски – Интна медицинска помош
За зголемениот број повици лекарите велат, виновен е и грипот.
Зголемен број интервенции и повици до итната медицинска помош. Вообичаена слика и на Клиниката за токсикологија за време на празниците. Иако секоја година лекарите апелираат умерено со алкохолот и храната, голем број граѓани не се придржуваат кон овие совети.
Андријана Атанасовска
