СП Ракомет

Катар- „центар“ на светот

15.01.2015 11:21

Катар за првпат е домаќин на ракометно светско првенство. Изгради три нови сали за потребите на шампионатот. Најголемата е среде пустина и е вистинска убавица...

Од денеска спортскиот фокус, особено македонскиот изострен и насочен кон Катар и тамошниот светски ракометен собир. До неговиот официјален старт со вечерниот натпревар кој го отвораат традиционално домаќинот и во овој случај Бразил (18.30 МРТ 1), гледаме што велат бројките низ педантната статистика.

Во неа предничат Шведска и Франција со најмногу освоени одличја 11, односно 8. Имаат идентичен број злата двете селекции 4, колку бројат и Романците чија ракометна слава е во 60-тите и првата половина на 70-тите. Франција сеуште се активни во светски ракометен врв, додека во последната деценија данската константност доаѓа до израз. Тоа е селекција која на последните 4 шампионати е во борба за медал, и тоа во две финалиња но без злато, затоа со три освоени одличја. Данска пак и Франција се земјите кои предничат и со учества на планетарните, данците на 20 од севкупно одржани 23, французите на 19. Десет земји биле светски прваци од кој три веќе ги нема, СССР, Југославуја и Чекословачка. Последна селекција која се има искачено на највисоката ракометна светска скала е Шпанија пред две години на домашниот мундијал. Освен Европска земја ниту една друга се нема израдувано на медал, а во игра за него биле само две нееврпоски, Тунис и Египет.

Што се однесува до Катар и мундијалот таму, е тоа што Катар за првпат е домаќин на ракометно светско првенство. Изгради три нови сали за потребите на шампионатот. Најголемата е среде пустина и е вистинска убавица. Практично, богатите Катарци направија цел град Лусаил име кое го носи и салата во која ќе биде првиот одигран меч на шампионатот и првиот на нашата репрезентација. Капацитеот на арената е 15 300. Останатите ќе се случуваат во Доха во две исто така новоизградени зданија, едната е Али Бин Хамад со број на седишта 7.700, тоа е и салата во која македонскиот тим ќе ги одигра преостанатите 4 натпревари. Третата арена е и со најмал капацитет 5.500 и се вика Доха хенбл спорт.

Важно е да се напомене дека Катарците за организацијата да биде што пограндиозна и незаборавна првенствено на оние присутни 24 репрезентации и секој кој се решил да замине таму го надминаа првично предвидениот буџет, од 200 милиони евра.