Oранжериското производство - меѓу најпрофитабилните во земјоделството

15.01.2015 12:36

Постојано се развива и од исти површини се добива се поголем род...

Лани беа засадени 200 хектари под оранжериски култури. Најмногу домати на 64, краставици на 30 и зелка 38 хектари, а вкупно биле произведени 17.000 тони производи.

Пласманот е без проблеми, а во производството се применуваат современи станарди за поголем род од истите  површини.  

Субвенциите остануваат исти. За еден хектар се добива по 90.000 денари за продедениот дома и извезениот зеленчук од 1 јануари до 15 мај 2015 година.

 

Методија Трајков