МТВ во домот на Тасеви за Божик

07.01.2014 18:00

Со утринските литургии во црквите и храмовите, со светата причест,  започна празнувањето на Божик. Најголемиот христијански празник го собира семејството заедно на една трпеза. По 40- дневниот пост семејството Тасеви и годинава традиционално на заеднички божикен ручек. 

„Секоја година ова го практикувам, 25 години сум во брак секоја година ова го правам. За денешниов ден имаме печено свинско, бутче, гравче од вчерашното ама ние ќе се омрсиме со свинското, имаме баклава, имаме и мрсна сарма“ - вели домаќинката Славица Тасева

Славица вели дека пости секоја година и секој празник. Кандилото им го осветлува домот 365 дена во годината. Децата постојано ги учи дека треба да му се молат на Бога, бидејќи Господ ги слуша сите молитви.

„Сепак како што викаат постарите. Детето се гаи додека е младо. Треба да му дадеш на детето знаење за да може да пости. Јас еве на двајцата, на двете мои дечиња им имам кажано, постот е искушение. Треба да имаш прво верба во себе за што сакаш да постиш, што сакаш да постигнеш и мислам дека  Господ ја ислушува молбата.“  рече Славица Тасева на божикниот ручек.

Обичаите кои се изведуваат се разликуваат од регион до регион. Но, сепак, секаде се верува дека денешната трпеза не мора да е многу богата, но треба да има свинско месо за да тргне годината напред.

Ана Јосифоска