Иванов- Ал Тани: Интензивирање на економската соработка
Катарските компании се подготвени за соработка со Република Македонија. Како области во кои постои интерес за инвестирање се посочени земјоделието, производството на храна, градежништвото, инфраструктурата, туризмот, недвижностите, телекомуникациите...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се сретна во Катар со емирот Тамим Бин Хамад Ал Тани.
„Добрите политички односи, редовниот дијалог на највисоко ниво и солидната правна рамка создаваат услови за интензивирање на економската соработка и за катарски инвестиции во земјава“, изјави претседателот Иванов.
Емирот Ал Тани оцени дека катарските компании се подготвени за соработка со Република Македонија. Како области во кои постои интерес за инвестирање се посочени земјоделието, производството на храна, градежништвото, инфраструктурата, туризмот, недвижностите, телекомуникациите.
На дипломатски план е договорено да продолжат соработката и заемната поддршка во Обединетите Нации, во рамките на Алијансата на цивилизациите.
На средбата беа разменети информации за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Блискиот Исток.
Иванов попладнево ќе присуствува на свеченото отворање на Светското првенство во ракомет, а утре ќе го следи првиот натпревар на Македонската репрезентација против Тунис.
