Кривична за директорот на скопската Агенција за радијациска сигурност

15.01.2015 13:11

Се товари дека узурпирал 67 квадратни метри црковен имот во Центар Жупа...

Директорот на скопската Агенција за радијациска сигурност доби кривична пријава. Се товари дека узурпирал 67 квадратни метри црковен имот во Центар Жупа.

Во 2008-та изградил бетонски ѕид во атарот на црквата Св. Петка со намера узурпираната парцела да ја припои кон сопствениот имот.

Година подоцна, вонсудски се спогодил со црквата да исплаќа кирија за узурпираниот имот, но откако не се придржувал кон обврските, ја оштетил црквата за 36,7 илјади денари.