Волерс: Заминувам со убави спомени од Македонија
Во последната изјава пред заминувањето, изјави дека не се сомнева дека и неговиот наследник, амбасадорот Бејли ќе има успешна соработка...

Ракување на заминување. Во САД гледаме голем пријател кој секогаш излегува во пресрет на нашата држава, дел од соопштението од Кабинетот на спикерот Вељаноски, по прошталната средба со амбасадорот Волерс.
Заедничка констатација е дека евроатланската интеграција на Македонија е исклучително важна како за регионот, така и за Европа во целост.
Од Македонија заминувам со убави спомени и пријатели со кои се запознав во вашата земја, не се сомневам, изјави американскиот амбасор Волерс дека и со новиот, амбасадорот Бејли ќе продолжи успешната соработка.
За вашата иднина, порача Волерс пред заминувањето, нема алтернатива.
Новиот амбасадор доаѓа во почетокот на февруари откако неговата номинација беше потврдена во американскиот Сенат.
