Полицајка повредена пред Елисејската палата

15.01.2015 13:21

Очевидците изјавиле дека автомобилот намерно ја прегазил жената. Таа веднаш е пренесена в болница...

Француска полицајка, која била ангажирана на обезбедување на елисејската палата, била повредена синоќа со автомобил.

Очевидците изјавиле дека автомобилот намерно ја прегазил жената. Таа веднаш е пренесена в болница, а на местото на инцидентот дошол и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Засега не се познати причините за инцидентот и дали истиот е поврзан со минатонеделните терористички напади.