Џон Кери во посета на Бугарија
15.01.2015 13:36
Главна тема на разговорите со државниот врв на Бугарија ќе бидат енергетската поврзаност на регионот и борбата против тероризмот...

Шефот на американската дипломатија Џон Кери во посета на Бугарија. Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, полицијата и армијата се распоредени на клучните точки, а дел од улиците се затворени.
Главна тема на разговорите со државниот врв на Бугарија ќе бидат енергетската поврзаност на регионот и борбата против тероризмот.
Во Софија е и шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.
