Паника поради лажна бомба на аеродромот Фјумичино во Рим

15.01.2015 14:31

Инженер од Словенија тврдел дека во багажот сокрил бомба. Сепак, тврдењето се покажало како лажно. Бомба не е пронајдена...

Синоќа на римскиот аеродром Фјумичино е извршена евуакуација поради опасност од бомбашки напад, пренесуваат светските медиуми. Инженер од Словенија тврдел дека во багажот сокрил бомба. Сепак, тврдењето се покажало како лажно. Бомба не е пронајдена.

Словенецот, кој според сведочењето на еден патник делувал збунето, тврдел дека има далечински управувач за бомбата и хартии напишани со арапско писмо. Капетанот ја известил контролната кула, по што била затворена пистата. Авионот којшто требало да лета кон Виена бил преместен во најоддалечниот дел на аеродромот. Полицијата го опколила авионот полн со патници и го натерала Словенецот да ги пушти патниците и посадата. Сите патници и багажот биле детално претресени. Експлозив не бил пронајден. Словенецот кој бил уапсен, на лош англиски објаснувал дека е погрешно разбран.

Последните денови се засилени контролите на сите аеродроми и железнички станици, а овие места како и амбасадите и важните културно-историски споменици ги чуваат дополнително 1250 војници, изјавила министерката за одбрана Роберта Пиноти.