Светот Денеска

07.01.2014 18:10

Рускиот патријарх Кирил ги повика верниците за време на божиќната литургија да се стремат кон духовниот развој и да прават добри дела. На литургијата присуствуваше и рускиот премиерот  Дмитриј Медведев заедно со сопругата. Претседателот Путин присуствуваше на литургијата во Сочи, во близина на Олимпискиот парк каде што во февруари ќе се одржат Зимските олимписки игри. Тој им го честиташе празникот на православните верници и порача дека ова е време за оебдинување на сите луѓе на основа на заедничките духовни вредности и историски традиции.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас е решен да склучи мир со Израел. На божиќната литургија во Витлеем тој рече дека вложуваат напори за склучување мир којшто ќе ги вклучува и арапскиот и исламскиот свет и дека се надеваат оти американските напори ќе дадат резултат за да живеат мирно и безбедно со Израелците. На прославата на Божиќ од Ерусалим во Витлеем присуствуваа православни, асириски, коптски и етиопски патријарси.

Германската канцеларка Меркел  дефинитивно треба да размисли за купување  нови скии. Дел од германските медиуми пренсуваат дека таа скија на скии стари 20-тина години. Нејзините блиски соработници изјавиле дека Меркел е емотивно врзана за нив. По падот на швајцарските Алпи и фрактурата на колкот Меркел денеска за прв пат се појави во зградата на германската Влада на традиционална средба со учениците кои собираат хуманитарни средства.

Маријана Димовска