Светска банка: Македонската економија со најголем раст во регионот
Годинава економскиот раст, според Светска банка, ќе изнесува 3,5 проценти, во наредната година ќе достигне 3,8 проценти, а веќе во 2017-та Македонија ќе забележи економски раст од 4 отсто, со што ќе ја задржиме лидерската позиција во регионот...

Аналитичарите на Светска банка со позитивна оценка за економската клима во земјава. Во последниот извештај за економските перспективи на Јјугоисточна Европа се прогнозира дека Македонија ќе има најдобар раст на БДП, споредено со останатите земји од регионот.
Годинава економскиот раст, според Светска банка, ќе изнесува 3,5 проценти, во наредната година ќе достигне 3,8 проценти, а веќе во 2017-та Македонија ќе забележи економски раст од 4 отсто, со што ќе ја задржиме лидерската позиција во регионот.
Најлоши се прогнозите за Србија, каде годинава се очекува пад на БДП, а идната година минимален раст.
