Папата Франциско во посета на Филипини
15.01.2015 16:18
Најкатоличката земја во Азија –Филипини каде што 80% од населението ја сочинуваат овие верници, се подготви за пречекот на Папата...

Папата Франциско од Шри Ланка допатувал на Филипини за да им упати порака за милост и сочувство на милиони сиромашни Филипинци, особено на погодените од најсилните тајфуни.
Најкатоличката земја во Азија –Филипини каде што 80% од населението ја сочинуваат овие верници, се подготви за пречекот на Папата со обезбедување на главниот град Манила со 50 илјади војници и полицајци.
Властите прогласиле тродневен државен празник. Папата ќе се сретне со преживеаните од тајфунот Хајана во ноември 2013-та кога загинаа 7.300 луѓе, а 4 милиони останаа без домови.
Тој ќе отвори нов католички центар за сиромашните кој ќе го носи неговото име.
