Група членови на СОНК нема да штрајкуваат
Обвинуваат дека зад протестот се кријат лични интереси на првиот синдикалец Јаким Неделков. Алармираат ако се реализира штрајкот ќе биде на штета на учениците и на образовниот процес...

Група членови на СОНК нема да штрајкуваат и бараат одложување на протестот најавен за вторник. Револтирани се што борбата за наставниците се претворила во лична кампања на Јаким Неделков, за повторно да ја довие власта во синдикатот за образование, велат наставниците.
Раководството не тера да штрајкуваме, а не не заштити минатиот пат. Нема јасен концепт и цел, освен битката за уште еден мандат. Неделков преку протест сака да ја врати довербата кај членовите која што одамна ја изгуби, тој ја пропушти својата шанса- велат членовите.
„Очигледно сака само да креира конфликт и да создава проблеми, само така ќе биде голем, нешто во што не успеа целиот свој мандат. Јаким Неделков ова не е чесна и искрена битка за правата на наставнците во СОНК, туку ова е твоја лична битка во СОНК“, изјави Лидија Балџиева, наставник.
Синдикатот за образование и наука најави генерален штрајк на 20-ти јануари. Доколку сега се реализира штрајкот, велат овие наставници и членови на СОНК, ќе им се наштети и на учениците на и образовниот процес.
„Со самото покренување на штрајкот се нанесува штета на учениците и на самиот воспитно- образовен процес. Сето тоа би значело повторна организација за работа во викенди, а знаеме колку викендите се ценети од страна на нашите деца и нас“, вели наставничката Лидија Крстевска Дојчиновска.
Во октомври ќе се бира новото раководство на синдикатот. Членовите на СОНК бараат ноформираните тела тогаш да донесат мерки што ќе значат искрена битка за правата на наставниците, да седнат на маса со надлежните и да си ја исполнат својата задача.
Викторија Тодоровска
