По празниците стрес од првиот работен ден

07.01.2014 18:19

Се поделија подароците, лепчето, се изедоа сармата и слатките. Претпразничното и празничното расположение и одмор многумина ќе мора да ги  прекинат со работните обврски.  

Да се работи додека другите празнуваат има и добра страна. Според психолозите, првиот работен ден по долгиот одмор предизвикува голем стрес.

Според стручњаците, 90 проценти од граѓаните се чувствуваат неудобно. Тоа е така бидејќи приватниот живот ни е подреден на работата. Но деновиве ова нема да биде единствениот грижа, и испразнетите сметки и паричници ќе бидат проблем. Поради тоа не вреди да се паѓа во очај.

Да го искористиме она што го имаме во моментот да ги пресметаме парите колку што ни останале, да пресметаме што ќе правиме до крајот на месецот. Едно добро планирање може да ни помогне да го издржиме целиот месецвели Мирјана Јовановска – Стојановска, психотерапевт.

Си посакавме успешна нова година, но реализација на плановите носи стрес. Би требало да го прифатиме она што не можеме да го смениме, да го смениме она што можеме.

Треба да ги разликуваме точно овие две работи што можеме, а што не можеме. Таму каде што не можеме ,ОК  е да го прифатиме, бидејќи некогаш работите воопшто не зависат од нас. Таму каде што сме свесни дека можеме нешто да напарвиме, целосно да му се посветиме – објаснува Јовановска – Стојановска .

Сепак, човекот мора да најде начин да го амортизира својот и стресот на другите, за да си го направи животот поподнослив.

Наташа Јанчиќ