Ќе се изработува национален тарифник за вода
Според теркот за горивата, посебен регулатор, кој ќе профункционира до крајот на годинава, ќе формира различна цена за водата за секое комунално претпријатие. Со европски пари ќе се изработи национален тарифник за води...

Ќе профункционира принципот „и загадувачот плаќа“, но и секој што користи вода за пиење ќе плаќа реална цена за услугата. Со помош на ИПА средства ќе се изработи национален тарифник за води. Посебно регулаторно тело ќе формира различна цена за секој град и комунално претпријатие , во зависност од локалните услови.
Се предвидува загадувачите да плаќаат по 14 денари за секој метар кубен испуштена непреработена отпадна вода. Трошокот ќе се намалува затоа што цената ќе ги принуди компаниите се повеќе да ги преработуваат отпадните води.
Анализата покажала дека сегашните цени на водата не ги покриваат реалните трошоци, се работи со загуба, а дел од проходите се пренасочуваат за други намени. Сепак најтешко се менуваат навиките.
„Искуствата на земјите- членки особено на најмладите земји членки на ЕУ покажуваат дека кога ќе се постават соодветни цени, што значи кога ќе се зголемат значително, тогаш почнуваат да се менуваат однесувањето и навиките“, изјави Арунас Кундротас, водач на ЕУ проектот.
„Проектот предложи реформа на системот за тарифи за вода, воспоставување на систем за плаќање надоместоци за загадување, кои што ќе гарантираат дека загадувачот ќе плаќа за испуштање нетретирани отпадни води“, изјави Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ.
Пресметките покажуваат дека за имплементирање на трите ЕУ директиви за водите на земјава ќе и бидат потребни околу 750 милиони евра. Математиката вели дека за 17 години, со поддршка на ИПА и делумна буџетска партиципација, ќе се обезбедат потребните средства.
Свето Николовски
